Владата ја ограничи маржата на млечните производи

Bez autora
Oct 09 2022

На предлог на Министерството за економија, Владата ја замрзна маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

При редовна контрола на Државен пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени. Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година.

На Владината седница, што се одржа попладнево преку видео конференциска комуникација, е донесена и одлука за престанување на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки. Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен, како што е посочено, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1-4 септември 2022 година во Белград, а со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik